Влезете во светот на програмирањето
Welcome to Logic Land
Место каде ќе учиме да програмираме, решаваме проблеми и развиваме знаења за кариера во ИТ.
Нашите Услуги
Што нудиме
Кодирање за почетници
Започнете го своето патување во светот на програмирањето. Преку интерактивни активности и забавни приказни, децата ќе се запознаат со основите на програмирањето.
Read MoreОснови на програмирање
Премиенете на следното ниво на програмирање со запознавање со вистински програмски јазици како Python, JavaScript и PHP.
Read MoreНапредно програмирање
Запознавање со структурирано и објектно ориентирано програмирање, вовед во алгоритми и работа на реални проекти.
Read MoreKids Are Happy
Happy To Service
Cup Of Coffee
Our Happy Clients
За Logic Land
Идејата за Logic Land се роди од желбата да се сподели радоста на програмирањето со младите умови. Со цврста верба дека моќта на технологијата може да ја обликува иднината, нашиот тим замисли место каде децата не само што ќе можат да научат да кодираат, туку и да развиваат креативност, критичко размислување и вештини за решавање проблеми.
Во Logic Land, ние веруваме дека кодирањето не е само за пишување линии код; се работи за поттикнување на размислување, љубопитност, истражување и иновација. Нашата внимателно изработена наставна програма ја комбинира нашата експертиза за програмирање со практични активности за да создаде извонредно искуство за учење за деца на возраст од 6-14 години.
Без разлика дали вашето дете ги прави своите први чекори во светот на програмирањето или сака да ги подобри своите вештини, Logic Land нуди средина каде секое дете може да напредува. Придружете ни се на ова возбудливо патување додека ја зајакнуваме следната генерација дигитални креатори, решавачи на проблеми и лидери.
Активни обуки
Пронајди соодветна обука, и започни со учење
Кодирање со блокови – CodeMonkey Jr
CodeMonkey Jr. е наменет за најмалите програмери. Преку игра и кодирање со блокови, ќе се запознаеме со основите на програмирањето, притоа помагајќи му на пријателчето мајмун да стигне до богатството.
- Возраст: 6-7 Години
- Траење: 14 недели
- 4500
* Цената се однесува за целиот курс, може да се плаќа на рати додека трае курсот
Кодирање со блокови – Beaver Achiever
Beaver Achiever е одличен за стимулирање на младите ученици да научат основни вештини за кодирање. Учениците ќе користат блокови за кодирање за да му помогнат на пријателчето дабар да заврши различни задачи во неговото природно живеалиште.
- Возраст: 6-8 Години
- Траење: 14 недели
- 4500
* Цената се однесува за целиот курс, може да се плаќа на рати додека трае курсот
Програмирање со CoffeeScript – Coding Adventure
Coding Adventure е курс заснован на игра каде што учениците учат да кодираат во CoffeeScript додека му помагаат на мајмунот да ги фати бананите. Курсот е вовед во кодирање базирано на текст.
- Возраст: 8+ Години
- Траење: 14 недели
- 6000
* Цената се однесува за целиот курс, може да се плаќа на рати додека трае курсот
Дигитална писменост
Курсевите за дигитална писменост ќе ги запознаат студентите со различните аспекти на компјутерите и како да ги користат. Исто така, ќе ги научи студентите како безбедно да се однесуваат во дигиталниот свет.
- Возраст: 8+ Години
- Траење: 14 недели
- 4500
* Цената се однесува за целиот курс, може да се плаќа на рати додека трае курсот
Game Builder
По завршувањето на курсевите за дизајн на игри, студентите ќе можат да ја извршат секоја фаза од процесот на создавање игра со Game Builder - од изборот на сопствена приказна до програмирање на правилата на нивните игри.
- Возраст: 10+ Години
- Траење: 14 недели
- 6000
* Цената се однесува за целиот курс, може да се плаќа на рати додека трае курсот
Вовед во Python – Banana Tales
Banana Tales е сеопфатен курс за кодирање каде студентите користат Python за да преку игра се запознават со различни концепти за кодирање додека ја обновуваат патеката на бебе мајмун назад дома.
- Возраст: 12+ Години
- Траење: 14 недели
- 6000
* Цената се однесува за целиот курс, може да се плаќа на рати додека трае курсот
Our Blog
Latest Blog & News
Кој курс е соодветен според возраста?
Најдете го совршениот курс за програмирање за секоја возраст и ни
- March 4, 2024
- No Comments
Важноста на учењето програмирање од рана возраст: Градење умови подготвени за иднината
Во денешното дигитално доба, способноста за кодирање станува фун
- February 26, 2024
- No Comments
Како функционира
Чекори до успех
-
1
Пројанди соодветна обука
Истражи ги сите обуки, и пронајди обука која ќе одговара на возраста.
-
2
Едноставен процес на запишување
Пополнете ја формата подолу, или контактирајте не за да најдеме термин кој ви одговара.
-
3
Започнете со учење
Нурнете во интерактивни лекции и практични проекти водени од искусни инструктори, обезбедувајќи збогатено искуство за учење што поттикнува истражување и раст.